Култура ТОП ВЕСТИ

Утревечер ќе се одржи Меѓународниот хорски фестивал „Гласот на Охрид“ во организација на „Вокс Лихнидос“

Охрид, 25. септември 2020 (ОХРИДПРЕС) – Утревечер во катедралната црква „Св Софија“ ќе се одржи Меѓународниот хорски фестивал „Гласот на Охрид“ во организација на охридскиот градски мешан хор „Вокс Лихнидос“.

Покрај домаќините ќе настапи градскиот женски младински хор „Менада“ од Тетово. На фестивалот требаше да учествува и камерниот хор „Арс Нова“ од Питешти, Романија, но со оглед на актуелната состојба со пандемијата COVID-19, нивниот настап публиката ќе го проследи онлајн.

Почетокот на фестивалот е во 18:30 часот, влезот ќе биде слободен, а местата се ограничени согласно протоколите за заштита од коронавирусот.

Годинава се одбележува и значаен јубилеј, 55 години од формирањето и постоењето на градски хор во Охрид, пет и пол децении од кога Наум Гаврилоски и Коста Веруш ја возобновија музичката култура во Охрид со враќањето на духовната, изворната, староградската и модерната музика преку хорското пеење.

Градскиот хор познат и под името „Климент Охридски“, од 2015 година го носи името „Вокс Лихнидос“ и е успешно предводен од диригентот Бурим Хидри. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука