Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

20-годишен жител на Љубаништа загина во несреќа со трактор на Галичица

Охрид, 25. септември 2020 (ОХРИДПРЕС) – Млад човек на 20-годишна возраст денеска го загуби животот во несреќа што се случила на падините на планината Галичица.

Според првичните информации, жител на селото Љубаништа смртно настрадал кога се превртел тракторот со кој управувал на планинскиот пат што од Отешево преку Галичица води до магистралниот пат Охрид-Свети Наум.

Увидот на лице место и истрагата треба да ги утврдат околностите и причината што довела до несреќата. (Крај)

извор: Тв Сител фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука