Избор Македонија

Меѓународен ден на Бошњаците – неработен ден за припадниците на заедницата

Охрид, 28. септември 2020 (ОХРИДПРЕС) – 28-ми септември се одбележува како Меѓународен ден на Бошњаците.

Бошњаците се јужнословенски народ, кој во најголемиот дел живее на територијата на Босна и Херцеговина, на подрачјето на Санџак во Србија и Црна Гора, во Република Турција, како и во останатите држави кои што настанаа по распадот на бившата југословенска федерација. Водат потекло од средовековните Словени кои што ја населиле тогашна Босна, а се нарекле Бошњани. Со доаѓањето на Османлиската империја Бошњаците масовно го прифатиле исламот. Бошњаците го говорат босанскиот јазик, а се користат со латиничното и кириличното писмо.

По повод денешниот ден, честитки упати државниот врв.

Согласно со Законот за празниците на Република Македонија, Меѓународниот ден на Бошњаците, е неработен ден за граѓаните припадници на бошњачката заедница во Република Македонија. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука