ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Охридското Езеро останува на кота од 693,15 м.н.в, 18 сантиметри под просекот за септември

Охрид, 28. септември 2020 (ОХРИДПРЕС) – Нивото на водата во Охридското Езеро и понатаму под просекот за овој период од годината.

Според денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР), водата е на кота од 693,15 м.н.в, што е за 18 сантиметри под просечното ниво за овој месец (693,33 м.н.в). Температурата на езерската вода, измерена утрово во 07:30 часот е 20 степени, што е за 0,9 степени понискa од просекот за овој период од годината.

Image may contain: text that says 'министерство землоделство, шумарствои водостопанство управа хидрометеоролошки работи- (споредба дневна хидролошка информацила реките природните езера претходниот ден очекувана енденци наредниот ден) 28.09.2020 28.09. станица- cm 27.09.20 -8 јегуновце вардар жм вардар велес- д.капи.а- 28.09.20 -10 69 29.09.20 септември 82 лепенец 15 баьа к.паланка- 14 80 97 14 76 25 13 10 34 = 24 нд струмица нд 71 дрим сатеска радика табела -22 114 23 54 2 102 MHM змерени 7:30 часот 842.86 842.85 2 843.84 вода 23.0 12 наколец- ез.преспа измерени 07:30 часот 22.8 охридско езеро нд 20.9 минимум. изработил: проверил: м-р директор тодоровски нивна корекција'

Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд. Максималната температура во Охрид ќе се искачи до 21. степени.

– Денес и утре ќе преовладува променливо облачно време. На места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Од среда следува стабилизирање на времето, информираат од УХМР. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес/УХМР

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука