Економија Избор Македонија ТОП ВЕСТИ

Почна исплатата на септемвриските пензии

Охрид, 28. септември 2020 (ОХРИДПРЕС) – Од денеска започна исплата на септемвриските пензии. во деловните банки, за пензионерите кои не користат платежни картички.

И овојпат исплатата оди по групи.

– Во понеделник, на 28.09.2020 година исплата на пензии со висина до 11.000 денари;
– Во вторник, на 29.09.2020 година исплата на пензии во висина од 11.001 денари до 14.000 денари;
– Во среда, на 30.09.2020 година исплата на пензии во висина од 14.001 денари до 18.000 денари;
– Во четврток, на 01.10.2020 година исплата на пензии во висина над 18.000 денари.

Пензионрите кои користат платежни картички, со септемвриските пензии може да располагаат веќе од денес преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа.

Владата ја разгледа и усвои и Информацијата за исплата на парични права од социјална заштита, за септември 2020 година, според која податоците за корисниците на парични права од социјална заштита до деловните банки најдоцна до 2-ри октомври, по што деловните банки треба да обезбедат достапност на средствата за паричните права од социјална заштита за месец септември преку банкомати и во трговските мрежи од 5-ти октомври. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука