Економија Избор Македонија ТОП ВЕСТИ

Нема промена на цената на нафтените деривати

Скопје/Охрид, 28. септември 2020 (ОХРИДПРЕС) – Цените на бензините и дизелот остануваат исти како во минатите седум дена.

Регулаторната комисија за енергетика одлучи цените на нафтените деривати да останат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката од 21-ви септември.

  • Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 60,50 денари/литар
  • Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 62,50 денари/литар
  • Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 49,50 денари/литар
  • Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 49,50 денари/литар

Единствено се зголемува цената на мазутот М-1 НС и ќе се продава за 25,666 ден/кг. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука