Избор Охрид Празници ТОП ВЕСТИ

Света архиерејска литургија по повод празникот „Св. маченички Вера, Надеж и Љубов и мајка им Софија“

Охрид, 28. септември 2020 (ОХРИДПРЕС) – Дебарско-кичевската епархија ги известува православните верници дека во среда, на 30-ти септември 2020 година, во катедралната црква „Света Софија“ во Охрид, со почеток во 09:00 часот, ќе се служи света архиерејска литургија по повод празникот „Св. маченички Вера, Надеж и Љубов и мајка им Софија“.

-На светата литургија ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, информираат од Дебарско-кичевската епархија. (Крај)

извор: Дебарско-кичевска епархија фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука