ЕКОЛОГИЈА ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Фламинга во Поградец, на албанската страна од Охридското Езеро

Поградец, 28. септември 2020 (ОХРИДПРЕС) – Фотографија од повеќе фламинга во водите на Охридското Езеро беше објавена денес на официјалната страна на Facebook на албанскиот град Поградец.

Станува збор за група од 15-тина птици, кои најверојатно застанале за краток одмор.

Пред нешто повеќе од еден месец, група од пет вакви прекрасни птици беше снимена во водите на Преспанското Езеро, во близина на селото Езерани, каде нискиот водостој им овозможува соодветни услови за одмор за време на миграцијата.

Фламингата не се гнездат на територијата на Република Македонија, но досега се забележани повеќе пати на прелет. Прв податок за нивно присуство кај нас е од 90-те години, исто така во селото Езерани. (Крај)

извор: Поградец фото: Поградец

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука