Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Кривични пријави за организаторите на Илинденската забава на „Градиште“

Охрид, 30. септември 2020 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 33-годишниот И.И. и 34-годишните Г.Ј. и С.Ј., сите од Скопје и против фирма од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

-На 2-ри август 2020 година, пријавените организирале музички настан во „Градиште“ и на плажата, без почитување на мерките за спречување и ширење на заразна болест COVID-19 и протоколите за отварање и работа со кафетерии, односно пријавените не постапиле според владините уредби, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука