Избор Македонија ТОП ВЕСТИ

Одлуката за прекин на флексибилното работно време е вратена на повторно разгледување во Владата 

Скопје, 30. септември 2020 (ОХРИДПРЕС) – Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, после извршени консултации, одлучи да не ја потпише одлуката за времено суспендирање на одлуката за флексибилно работно време на државната администрација од 7-та седница на Владата.

-Прашањето ќе биде повторно разгледано на следната седница на Влада, откако ќе бидат направени дополнителни анализи и проценки за целисходноста за промена на работното време на администрацијата. До нова одлука, како и до сега, останува флексибилно работно време на сите вработени од органите на државната управа од 7:30 и 8:30 часот, до 15:30 и 16:30 часот, со вкупно времетраење на работниот ден од осум часа, информираат од Владата на Република Македонија. (Крај)

извор: Влада на РМ фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука