Избор Спорт ТОП ВЕСТИ

ГФК Охрид Лихнидос в недела дома го пречекува Вардар Форино

Охрид, 1. октомври 2020 (ОХРИДПРЕС) – ГФК Охрид Лихнидос в недела ги продолжува натпреварите во Втората фудбалска лига.

На домашен терен ја пречекува екипата на Вардар Форино. Иако шестото коло требаше да се игра в сабота, терминот е променет поради подготовките на А репрезентацијата за натпреварот со Косово.
Средбата ГФК Охрид Лихнидос – Вардар Форино е од 15:00 часот на стадионот „Билјанини извори“.

Според моменталната состојба на табелата, охридскиот клуб е седми, со вкупно шест бодови. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука