ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Спорт ТОП ВЕСТИ

Заразените со коронавирус во редовите на ГРК „Охрид“ се во стабилна состојба, деновиве им завршува изолацијата

Охрид, 1. октомври 2020 (ОХРИДПРЕС) – Петмината ракометари и членот на управата на ГРК „Охрид“, на кои им беше дијагностициран вирусот COVID -19 се во стабилна здравствена состојба.

Дел од нив биле асимптоматски случаи, а според информациите од клубот за Супер радио и OhridPress велат дека за неколку дена на сите им завршува задолжителната изолација. Останатите ракометари ги продолжиле редовните тренинзи. Како понатаму ќе се постапува, од клубот велат чекаат инструкции од РФМ.

Утре завршуваат 15-те дена што ги даде федерацијата за отсуство од терените на екипите од Групата А, откако кон средината на минатиот месец беа потврдени 16 играчи од РК „Голден арт КЛ7“ позитивни на коронавирус. По направените допоплнителни тестирања беа потврдени шест случаи на COVID-19 во редовите на ГРК „Охрид“.

ГФК Охрид Лихнидос в недела дома го пречекува Вардар Форино

Во ГФК „Охрид Лихнидос“ состојбата е непроменета, како што и претходно објавивме и натаму нема пријавено случаи со симптоми или заразени играчи со коронавирус. Фудбалерите се подготвуваат за натпреварот од шестото коло во Втората лига, што ќе одиграат дома против „Вардар Форино“, в недела од 15:00 часот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука