Избор Струга ТОП ВЕСТИ Хроника

Кривична пријава за охриѓанец кој без одобрение градел викенд куќа во струшко „Калишта“

Струга, 1. октомври 2020 (ОХРИДПРЕС) – ОВР Струга поднесе кривична пријава против 63-годишниот М.А. од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено криивично дело „бесправно градење“.

-Тој, во својство на сопственик на катарстарска парцела во населбата „Калишта“, без соодветно одобрение и спротивно на основниот проект, започнал со изградба на викенд куќа. Од извршениот инспекциски надзор, донесено е решение со кое на инвеститорот му се наложува да отстрани дел од започнатата градба, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука