Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

30 дневен притвор за 20-годишен охриѓанец кај кого полицијата пронајде марихуана

Охрид, 1. октомври 2020 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 20-годишниот А.В. од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

-На 22-ри септември 2020 година, на крстосница од булевар „Туристичка“ и улицата „АСНОМ“ во Охрид, полициски службеници извршиле контрола во патничко возило во кое пријавениот бил сопатник и при преглед кај него била пронајдена марихуана. Одредена му е мерка притвор до 30 дена, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука