Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Владимир Булатовиќ од Охрид меѓу најсреќните во наградната игра МојДДВ#МојаНаграда

Скопје, 3. октомври 2020 (ОХРИДПРЕС) – Охриѓанецот Владимир Булатовиќ беше меѓу најсреќните во седмото месечно извлекување на 15 награди од 20.000 денари од наградната игра МојДДВ#МојаНаграда.

Во ова извлекување учествуваа 16.922.815 скенирани фискални сметки во период од 01. 09. 2020 година до 30.09.2020 година.

На главното извлекување на 19 декември, пак, ќе се доделат 1.000.000 денари, наместо иницијално предвидените 3.000.000 денари. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука