ЕКОЛОГИЈА ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Продолжува намалувањето на нивото на Охридското Езеро, денес на кота од 693,13 м.н.в

Охрид, 7. октомври 2020 (ОХРИДПРЕС) – Нивото на водата во Охридското Езеро и понатаму далеку под просекот за овој период од годината и само 3 сантиметри над дозволениот минимум.

Според денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР), водата е на кота од 693,13 м.н.в, што е за 15 сантиметри под просечното ниво за овој месец (693,33 м.н.в). Температурата на езерската вода, измерена утрово во 07:30 часот е 18 степени, што е за 1,2 степени повисока од просекот за овој период од годината.

Image may contain: text that says 'министерство за землоделство, шумарство управа работи- (споредба табела хидролошка информацила зареките природните езера претходниот дени очекувана тенденција наредниот ден) 07/10/2020 река прикажани 06.10.20 измерени јегуновце- вардар жм вардар велес- 07.10.20 16 65 50 08.10.20 -8 66 вардар просекз ктомври 50 70 баьа- к.паланка- 33 12 брегалница 12 -струмица нд 69 -26 нд табела 57 107 во MHM 7:30 часот 146.88 842.42 842.41 144.11 2 температури 693.13 вода 843.77 12 измерени ез.преспа 7:30 часот 22.4 забелешка: охридско езеро нд нд 16.8 дозволениот минимум. изработил: директор м-р ивица тодоровски обработка корекција влијание на'

Оваа бројка го вклучува алармот особено со фактот што водата во езерото е веќе 4 сантиметри под природната кота од 693.17 м.н.в. и само 3 сантиметри над дозволениот минимум. Колку за споредба, минатата година овој период, нивото било на кота од 693,29 м.н.в, односно на 4 сантиметри под просекот.

Овој проблем може и да се продлабочи, особено ако се има во предвид дека, според податоците на www.accuweather.com, скоро во текот на целиот месец, се најавува сончево и релативно топло време за овој период од годината со температури околу 22-тиот степен до половината на месецот и помеѓу 19 и 16 степени во втората половина на октомври. Врнежи од дожд скоро и да нема во најава, со што се очекува уште повеќе да се усложни и така сложената хидролошка состојба на Охридското Езеро.

Image may contain: text that says 'AccuWeather Ohrid, Ohrid 19°- October 2020 27 28 DAILY 29 30 2 21° 8° 3 22° 13° 18° 13" 19° 0 19° 7 5 22° 9e 6 7 N/A 10 28° 17 27° 17° 23° 13° 21° 11° 11 18° 8 12 19° 8° 13 18° 10° 14 15 16 22° 12° 17 23° 13° 21° 12° 19° 8 18° 7 18° 7° 20 19° 7 21 23 18° 5° 18° 18° 6° 18° 6° 18° 26 27 17° 6° 28 29 30 31 17° 16° 6° 16° 6° 16° 5°'

И додека пред две години се соочувавме со ниво кое драстично и ја надмина горната граница (693,75 м.н.в), па имаше излевање на езерото и штети по крајбрежјето, годинава состојбата е крајно неповолна.

Кон падот на водостојот се додава и сушниот период без врнежи од дожд, за што добрите познавачи велат дека значително се одразува на хидролошката состојба. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес/УХМР

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука