Економија

Мирјана Маркоска: Со тим како оној во „Тамаро“, работата беше вистинско задоволство

Охрид, 8. октомври 2020 (ОХРИДПРЕС) – Во време кога економијата е на стаклени нозе, пред се’ поради корона пандемијата, вистинско освежување се вестите за компаниите кои водат постојана грижа за вработените, каде има вистински спој на искуство и млади луѓе со свежи и напредни идеи.

Мирјана Маркоска од Охрид уште од далечната 2004 година, односно полни 16 години беше дел од охридскиот ланец маркети „Тамаро“. Како петти вработен од компанијата таа замина во пензија и беше испратена како што доликува, со насмевки, подароци и убави желби.

Image may contain: 4 people, people standing

Таа вели дека ќе го памети моментот кога во далечната 2004 година започнала да работи во првиот отворен маркет, „Тамаро 1“, на улицата „Лазо Трпоски“.

-Брзо се прилагодив на работата и работните обврски. Односот со колегите беше секогаш коректен и работевме како тим, подготвени да си помогнеме едни со други. Редовните потрошувачи веќе не препознаваа и јас нив. Имавме одличен однос и тогаш работата е вистинско задоволство, изјави Мирјана, која на младите колеги им препорачува да се однесуваат домаќински кон работата, да се одговорни и да бидат љубезни кон купувачите.

Image may contain: 4 people, people standing

Вели дека е задоволна што заминува во пензија, но напоменува дека во маркетите има колеги кои достојно ќе ја заменат.

-Секогаш бев подготвена да им помогнам на помладите. Сакам да напоменам и дека би било добро кога сите сопственици на фирми би имале однос кон вработените како што имаа моите кон мене, вели Мирјана.

Image may contain: 2 people, people standing and text

Image may contain: flower

Таа се сеќава на повеќе случки, а особено на среќните лица на купувачите кога ќе заборавеле нешто во маркетите, и секогаш, без исклучок ги чекало кога ќе се врателе.

Image may contain: 7 people, people standing

Од „Тамаро“ велат дека се горди што после еден ваков работен век, Мирјана се пензионира, токму во маркетот во кој ја започна својата кариера пред 16 години.

-Мирјана е петтата наша вработена која се пензионира во „Тамаро“. Станува збор за мирна и скромна жена со која поминавме 16 долги години, исполнети со дружење, колегијалност, а пред се’ со љубезност. Ќе ја паметиме како лојална, тивка, чесна, колегијална и љубезна личност, каква што би посакала во своите редови секоја компанија. Вработените, колешките и менаџерскиот тим ја испрати со подароци и по некоја солза за убавите времиња поминати со неа. Како тим сме среќни што една ваква жена, која е пример за многу вработени, ја заврши својата работна кариера, токму во нашата компанија. Честито пензионирање, Мирјана и мирни и убави пензионерски денови, и’ порачаа од менаџерскиот тим на „Тамаро“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: „Тамаро“

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука