ЕКОЛОГИЈА ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Ново порибување на Охридското Езеро од албанска страна

Поградец, 9. октомври 2020 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на вчерашниот ден Охридското Езеро од албанска страна повторно беше порибено.

Кај селото Лин во езерото беа пуштени со 1 700 000 парчиња подмладок на ендемичниот вид охридска пастрмка.
Ова следи по порибувањето со 610.000 парчиња риба кое се спроведе кон средината на септември.

На порибувањето присуствуваа албанскиот министер за земјоделство Бледи Чучи и неговиот македонски колега Арјанит Хоџа.

Чучи сподели добра вест дека отсега ќе применуваат нова постапка за добивање подмладок, ќе откупуваат риба од рибарите и откако ќе ја измолзат икрата, единките повторно ќе ги вратат во езерото.

Македонскиот министер за земјоделство истакна дека заедно со министерот Чучи наското ќе потпишат договор за заедничко одржливо управување со риболовот на Охридското Езеро.

Во врска со нелегалниот риболов, министерот Хоџа вели дека тоа е феномен со кој се борат и мора да се борат сите, од рибарите до локалните самоуправи и одговорните институции на државно ниво. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука