Пeдесет грама кокаин пронајдени кај лице од Албанија на патот „Ќафасан“-Струга
Струга, 10. октомври 2020 (ОХРИДПРЕС) – На 9-ти октомври 2020 година, околу 17:15 часот полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога во координација со ОВР Струга и Регионален центар Запад на патот Граничен премин „Ќафасан“-Струга запреле возило „Голф“ и го привеле 23-годишниот Р.К. од Либразд, Република Албанија.
-Кај него биле пронајдени околу 50 грама кокаин. Р.К. е приведен и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава до надлежното обвинителство, информираат од МВР. (Крај)
извор: МВР фото: архива
@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |