Избор Локална самоуправа Охрид ТОП ВЕСТИ

Поради преуредување и асфалтирање, улица „Железничка“ затворена за сообраќај до 16:00 часот

Охрид, 10. октомври 2020 (ОХРИДПРЕС) – Поради преуредување и асфалтирање, во периодот од 05:00 до 16:00 часот, улицата „Железничка“ ќе биде целосно затворена за сообраќај на автобуси и товарни возила.

Мерките се на сила на потегот од клучката до кружната крстосница кај Здружение на возачи. Овие превозни средства ќе се пренасочуваат на булевар „Туристичка“ од една и улицата „7-ми Ноември“ од друга страна.

-АД „Илинден“ од Струга ќе реализира градежни активности за преуредување и асфалтирање на четворокраката крстосницата помеѓу улиците „Железничка“, „Егејска“ и „Будва“ во кружна, а ќе се воведе и нов сообраќаен режим. За останатите превозни средства и пешаци забраната на сообраќање и движење ќе важи од крстосницата на улицата „Железничка“ со улицата „Кленоец“ и тоа во насока кон Струга и од клучката на влезот од Охрид кон Ресен. Исто така забрана на сообраќај ќе има и на дел од улицата „Будва“ кој гравитира кон улицата „Железничка“ и на дел од улицата „Егејска“ кој гравитира кон улицата „Железничка“, информираат од општина Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука