Колони возила кон Охрид, градот се полни за продолжениот викенд
Охрид, 10. октомври 2020 (ОХРИДПРЕС) – Колони возила уште од раните утрински часови влегуваат во Охрид, со што градот и официјално го започнува продолжениот, празничен викенд.
Хотелите, приватното сместување, кафе баровите и рестораните се делумно исполнети, и во нив генерално се почитуваат мерките пропишани од Владата на Република Македонија за заштита од COVID-19. Најголем број гости сепак се во приватните станови, а регистрациите од Скопје, Битола, Прилеп, Куманово и останатите поголеми градови во државата се најчестите кои можат да се видат на паркинзите во градот.
Она што исто така може да се забележи е само делумното почитување на мерките за носење на лична заштитна опрема. Репортерите на Супер радио и OhridPres регистрираа денес дека маски носат само нешто околу половина од граѓаните, кои убавото и сончево време го искористија за прошетка покрај езерото. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес
@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |