ЕКОЛОГИЈА Избор Струга ТОП ВЕСТИ

Комплетно затворени портите на Црн Дрим кај Струга, ќе се чисти коритото на реката (Фото)

Струга, 10. октомври 2020 (ОХРИДПРЕС) – Комплетно се затворени портите на истекот на реката Црн Дрим кај Струга.

Станува збор за активност која е дел од акцијата за чистење на наталожениот материјал на испустот на реката Црн Дрим, како дел од проектот „Подобрување на управувањето со заштитените подрачја“, финансиран од Европската унија, кој го спроведува УНДП во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање.

Вкупната должина на делот кој ќе се чисти е 765 метри. Според направените анализи, проценетата количина на депониран нанос е приближно 14.000 метри кубни кои придонесуваат за намалување на капацитетот на протокот, нееднаква дистрибуција на брзината и можност за натамошно таложење и предизвикува голем ризик од поплавување на населените места.

Image may contain: outdoor, water and nature

Истата е неопходна за справувањето со загадувањето на Охридското Езеро што во последните неколку децении го предизвикува реката Сатеска со носење на наноси кои се штетни за езерото.

Image may contain: sky, tree, outdoor, water and nature

Со чистењето ќе се подобри пропусната моќ на коритото, се зголеми капацитетот на собирањето на атмосферските води и со тоа ќе се намалат и ризиците од поплави. Истовремено, со чистењето на делот кај пристаништето и трските, конечно, по долги години, во Струга ќе може да собраќаат и поголеми пловила и да се одвива бродски сообраќај со соседните градови и туристички населби.

Останува да видиме деновиве дали ова ќе придонесе за зголемување на нивото на водата во Охридското Езеро, кое периодов наназад е далеку под просекот за овој период од годината. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: FB Struga niz fotografii

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука