COVID-19 Избор Спорт ТОП ВЕСТИ

Кристијано Роналдо е позитивен на COVID-19

Лондон, 13. октомври 2020 (ОХРИДПРЕС) – Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо е заразен со коронавирус, потврди Фудбалската федерација на Португалија.

Фудбалерот на Јувентус во текот на последната недела тренираше со репрезентацијата, со која имаше обврски во Лигата на нациите, а поради позитивниот тест ќе го пропушти натпреварот со Шведска кој се игра утре.

Роналдо го напушти кампот на националниот тим веднаш по потврдувањето на дијагнозата и се упати во самоизолација. Во официјалното соопштение се наведува дека фудбалерот нема симптоми и дека се чувствува добро. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука