Избор Спорт Струга ТОП ВЕСТИ

Стружанецот Мојсоски и официјално нов директор на Агенција за млади и спорт

Скопје, 13. октомври 2020 (ОХРИДПРЕС) – На денешната седница, Владата на Република Македонија го назначи поранешниот македонски репрезентативец во ракомет, стружанецот Наумче Мојсоски, за нов директор на Агенцијата за млади и спорт.

Мојсоски седнува на оваа функција на местото на Дарко Каевски, кој стана пратеник во Собранието, и не може да извршува две функции истовремено.

Мојсоски со активната играчка кариера заврши во 2016 година како член на ЧМС Букурешт. Во минатото играше за Лехвија, Металург, Вардар, Риоха, Пелистер, Југ и Струга.

За националниот тим на Македонија има одиграно преку 100 натпревари. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: voiceskopje.org

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука