COVID-19 Здравје ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија ТОП ВЕСТИ

Усвоена Информацијата за склучување на Договор за набавка на вакцини за COVID-19 преку COVAX механизмот

Скопје, 13. октомври 2020 (ОХРИДПРЕС) – Владата на Република Македонија, на последната седница ја разгледа и усвои Информацијата за склучување на Договор за преземени обврски помеѓу Владата на Република Македонија и Глобалниот сојуз за вакцини (ГАВИ) (GAVI ALLIANCE).

Договорот се однесува на набавка на вакцини за COVID-19 преку COVAX механизмот за обезбедување глобален и рамномерен пристап до безбедни и ефективни вакцини за COVID-19, потврдени и регулирани од Светската здравствена организација, и е прифатен текстот на Обврзувачкиот договор за набавка на вакцините.

-Владата побара од Бирото за јавни набавки да предложи најсоодветен начин за остварување на оваа набавка и го овласти министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче да го потпише Договорот за преземени обврски со Глобалниот сојуз за вакцини за набавка на вакцини за COVID-19 преку COVAX и во координација со Министерството за финансии и Генералниот секретаријат на Владата да ги обезбедат потребните финансиски средства за да се изврши уплата на аванс и да се обезбеди финансиска гаранција согласно потпишаниот Договор за преземени обврски со Глобалниот сојуз за вакцини (ГАВИ) (GAVI ALLIANCE), за набавка на вакцини за COVID-19 преку COVAX механизмот за пристап до безбедни и ефективни вакцини за COVID-19, потврдени и регулирани од Светската здравствена организација, информираат од македонската Влада. (Крај)

извор: Влада на РМ фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука