ЕКОЛОГИЈА ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Конечно зголемување на нивото на Охридското Езеро, денес на кота од 693,14 м.н.в

Охрид, 14. октомври 2020 (ОХРИДПРЕС) – Затворањето на испустот кај Струга и врнежите од дожд деновиве направија конечно да се подобри нивото на водата во Охридското Езеро, кое и понатаму е под просекот за овој период од годината.

Според денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР), водата е на кота од 693,14 м.н.в, што е за 14 сантиметри под просечното ниво за овој месец (693,28 м.н.в) и само 4 сантиметри над дозволениот минимум. Температурата на езерската вода, измерена утрово во 07:30 часот е 16 степени, што е за 0,8 степени пониска од просекот за овој период од годината.

Image may contain: text that says 'министерство аземлоделство, шумарствои водостопанство управа хидрометеоролошки работи- (споредба дневна хидролошка информацила реките природните претходнио ден очекувана тенденција 14.10.2020 cm наредниот ден) 13.10.20 станица- јегуновце вардар жм вардар велес- д.капиа- вардар 46 14.10.20 87 просек a ктомври 50 76 лепенец 82 73 баьа к.паланка- 33 = 106 67 28 36 33 24 16 струмица не нд 69 дрим сатеска радика табела 96 76 107 во MHM измерени 07:30 часот 842.38 842.39 2 843.77 вода 19.0 наколец- ез.преспа измерени 07:30 часот 19.0 15.0 езеро зеро смна дозволениот минимум. смг има минимум. нд 16.8 изработил: м-р директор тодоровски нивна обработка корекција'Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност поголема во претпладневните часови и во планинските региони. Ќе дува умерен до засилен претежно југозападен ветер. Максималната температура во Охрид ќе се искачи до 18. степени.

-Во четврток преку денот ќе биде стабилно. Под влијание на нов влажен бран од крајот на денот, преку ноќта и во петок ќе има врнежи од дожд кои на места ќе бидат пообилни, информираат од УХМР. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес/УХМР

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука