Култура

„Медена земја“ повторно пред охридската публика

Охрид, 14. октомври 2020 (ОХРИДПРЕС) – Македонскиот документарец „Медена земја’ повторно ќе се прикажува во охридското кино.

Проекции ќе има следната недела, на 19-ти, 20-ти и 21-ви октомври, со почеток во 20:00 часот, а цената на билетот е 150 денари.

Согласно здравствените протоколи ќе има ограничен број на публика во салата.

„Земи половина од медот, половина остави за пчелите“

По ова правило за баланс со природата се води Атиџе, последната жена-одгледувач на диви пчели во Европа, која живее сама со својата мајка во централна Македонија. Но, кога во нејзиното соседство ќе се досели номадско семејство-пчелари, таа се соочува со сериозен предизвик, да ги спаси пчелите и да ја зачува природната рамнотежа на земјата. Ако еден го прекрши правилото, сите ја плаќаат цената.

Филмот трае 85 минути, а режисери се Љубо Стефанов и Тамара Котевска. Сниматели се Фејми Даут и Самир Љума, а продуцент и монтажер е Атанас Георгиев. Музиката ја напиша групата „Фолтин“, а главни протагонисти се: Атиџе Муратова, Назифе Муратова, Хусеин Сам, Љутвие Сам, Музафер Сам. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука