Забава Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

13 годишнината од смртта на Тоше Охрид ќе ја одбележи со потсетување на неговата музика

Охрид, 14. октомври 2020 (ОХРИДПРЕС) – Годинава Охрид на симболичен начин ќе ја одбележи 13 годишнината од смртта на најдобриот македонски пејач Тоше Проески.

-Во петок, 16-ти октомври, ги повикуваме сите угостителски објекти да ги пуштаат песните на Тоше. Тоа е најмалку што можеме да направиме во спомен на македонскиот ангел. Идејата е со големо задоволство прифатена од кафетериите и хотелските објекти во центарот на градот, од бродовите и катамараните. Интернет порталот OhridNews ќе посвети посебна сторија за македонскиот музички гениј, Супер радио во петок во текот на целиот ден ќе ги емитува најголемите негови хитови и ќе објавува посебно подготвени информации за неговиот живот и дело, а на регионалната ТвМ телевизија ќе биде емитуван документарен филм посветен на прерано починатата музичка ѕвезда, информираат организаторите од Лајонс клубот „Лихнидос“ од Охрид.

Додаваат дека во иднина планираат и поставување на пригодно мермерно спомен обележје на Тоше, веднаш до паметникот посвете на Горан Стефановски.

-Со креирање на таква Алеја на великаните, Охрид на најдобар начин ќе покаже респект кон најзначајните претставници на современата македонска култура и уметност, потенцираат од ЛК „Лихнидос“. (Крај)

извор: OhridNews фото: OhridNews

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука