Економија Избор Македонија ТОП ВЕСТИ

Инспекторите за врeме на викендот без ДДВ изрекле 15 казни за трговците

Скопје, 14. октомври 2020 (ОХРИДПРЕС) – За време на Викендот без ДДВ инспекторите на Државниот пазарен иснпекторат контролирале дали цените на производите внесени во трговските книги соодветствуаат со оние што се истакнати, а со цел да се спречи можна манипулацја со цените, информира претседателката на Инспекцискиот совет Магдалена Филиповска-Грашкоска на денешната прес-конференција.

– При тоа се констатирани 15 прекршоци на Законот за трговија и заштита на потрошувачите -рече Филиповска-Грашкоска.

Викендот без ДДВ се спроведе изминатиот викенд на 10,11 и 12 октомври, кога како дел од четвртиот сет економски мерки на Владата,, граѓаните имаа можност за купени македонски производи и услгуи и компјуерска опрема да го добијат назат целиот износ на пресметаниот ДДВ на фискалната сметка за таквиот производ или услуга.(Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука