Македонците најмногу туристички ваучери искористиле во струшкиот хотел „Инекс Дрим“
Охрид/Струга, 15. октомври 2020 (ОХРИДПРЕС) – Добитниците на ваучери за летување од по 6.000 денари, најмногу летувале во хотелот „Инекс Дрим“ во Струга.
Според исплатените средства од страна на македонското Министерство за финансии, заклучно со 1 октомври, на компанијата која стопанисува со овој хотел и’ се исплатени 9.132.000 денари. Следува компанијата „Теди комерц“ која за услуги во хотелот „Лаки“ инкасирала 2.568.000 денари, пред хотелите „Метропол“, „Турист“ и „Белви“, каде се искористени ваучери во вредност од 2.556.000 денари.
Добитници на средства од ваучери се и голем број физички лица, сопственици на сместувачки капацитети. Хотелиерите и сместувачите доставуваат извештај на крајот на месецот колку ваучери се искористени, по што им се исплаќаат средствата. Ваучерите може да се користат од 15-ти јули до 15-ти декември година. (Крај)
извор: faktor.mk фото: архива
@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |