Економија Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Полни 7 години се’ во Охрид е „екстра чисто, екстра брзо и екстра професионално“ со Cleanex Professional

Охрид, 15. октомври 2020 (ОХРИДПРЕС) – Охридската компанија Cleanex Professional денеска го прославува 7 роденден.

Останувајќи верни на слоганот под кој работат – Екстра чисто, Екстра брзо, Екстра професионално, скромните почетоци низ годините ги заменија со професионален однос кон работата, задоволни клиенти и сериозен список на соработници.

Image may contain: 1 person

– Денес се потсетуваме на нашите скромни почетоци, кога верни придружници ни беа идејата и ентузијазмот. Бројот на услуги кои ги нудевме беше минимален, но, секоја работа се завршуваше со квалитетот како примарна водилка. Од тие првични услуги за хигиенско одржување, кога Охрид и регионот нé запознаа, и кога ние ги осознавме потребите на нашите сограѓани, преминавме кон проширување на нашата понуда, кон севкупно технолошко усовршување и кон вградување на светски трендови во работењето. Така опфатот на услуги на Cleanex Professional во моментов вбројува: сезонски генерални чистења на домови и деловни простории, тековно одржување канцеларии и други објекти, чистења по градежни активности, машинско чистење подови, технологија за перење на големи површини теписи кои не е возможно да се отстранат од местото, чистење стакла на недостапни површини, целосни вешарајски услуги за сите домови и сместувачки капацитети, хотели, мотели, апартмани со бесплатно подигнување и достава од врата до врата, користејќи врвна технологија и сертифицирани еколошки хемиски средства. Оваа тенденција на раст и напредок очекуваме дека ќе ја одржуваме и за секој нареден роденден, вели првиот човек на Cleanex Professional Дарко Симоноски.

Додава дека како компанија се благодарни за целата доверба која клиентите им ја доверуваат и затоа што го препознаваат квалитетот во работењето и истиот знаат да го ценат.

– Особено сме горди на членовите на тимот. Луѓето без кои немаше да прераснеме во ова што сме денес. Луѓето кои се носители на целиот оперативен товар кој самата работа го наметнува. Луѓето кои и покрај покрај неприликите во кои како човештво сме затечени, се тука секогаш да одговорат во висина на своите задачи, секогаш подобро од претходниот пат. Луѓето кои се наша сила и мотивација да бидеме подобри и посилни од она што во моментов сме. Ние остануваме со ветување дека и во иднина ќе продолжиме да го поставуваме стандардот на добро работење во областа на хигиенските и вешарајски услуги, напоменува Симоноски.

Повеќе за компанијата на нивната официјална веб страна и на профилот на Facebook. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука