Избор Култура Охрид ТОП ВЕСТИ

„Некогаш и сега“, ново дело на охриѓанката Нина Ангелоска

Охрид, 15. октомври 2020 (ОХРИДПРЕС) – Младата охриѓанка Нина Ангелоска продолжува да ја негува својата страст кон фотографирањето и снимањето.

По нејзиниот прв документарен филм насловен „Животот и традицијата на младите“, во кој преку раскажувањето на баба Менка ни ги пренесе обичаите и настаните околу и за време на поголемите зимски празници во охриското село Пештани, сега пласира ново дело. Во него ни ја прикажува денешната сурова реалност и патењето по минатото.

– Огромна чест и задоволство ми е да ви го претставам моето прво самостојно дело „Некогаш и сега“ во кое можам да се претставам како Nina’s Photography Production. Ново дело кое ја прикажува денешната сурова реалност и патењето по минатото. Останете во добро расположение и со добра мисла. Како и да е ќе го пребродиме и ова и повторно ќе се гушкаме, смееме, играме заедно, седиме во училишните клупи. Заедно ќе пребродиме сé. СИТЕ ЗА ЕДЕН, ЕДЕН ЗА СИТЕ, порачува Нина, која е ученичка во охридската гимназија и покрај другарувањето со фотоапаратот и пасијата кон фотографирањето тренира и карате и има освојувано бројни медали. (Крај)

извор: ОхридПрес фото/видео: Нина Ангелоска

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука