Економија ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Анкета на АВМУ за третиот квартал на 2020: Супер радио останува убедливо на врвот

Охрид, 15. октомври 2020 (ОХРИДПРЕС) – Со просечен дневен и неделен досег од 7,8%, Супер радио и во третиот квартал на 2020 година останува водечка во својот регион и една од најпопуларните радио станици во Република Македонија.

Податоците се објавени во официјалната анкета за досегот на радиостаниците и уделот на сателитските, регионалните и локални ТВ станици во вкупната гледаност во третиот квартал на 2020 година, изработена за потребите на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги на Република Македонија.

Image may contain: text that says 'табела 3. просечен дневен досег град досог станица радио покалните радио станици според соодветната териториа на koja што зрачат просечен дневен досег радио град ериториат зрачи радио плус радио станица битола куманово делфин аальбана рачи јехона охрид 0.0% валандово прилеп фм мефф холиде пробиштип остивар свети николе просечен дневен радио станицата територијата на koja што зрачи струмица популација што изјасила слушала радио станицата подолго минута било период претходниот ден популација територијата на koja зрачи радио станицата говест 3.0% штип радио 0.0% ATAIOHKDEAM 13'

Супер радио минатата година наполна 27 години и останува еден од водечките медиуми во западниот дел од државава, со комплетна забавна, информативна и спортска програма. Супер радио е една од најстарите радио станици во државата и е на врвот на слушаноста од почетокот на објавувањето на официјалните рејтинзи на некогашниот Совет за радиодифузија на Република Македонија (сега АВМУ).

Image may contain: text that says 'град радио станица абела 6. просечен неделен досег на локалните радио станици според соодветната територија на koja што зрачат неделен просечен радио досег радио берово скај радио плус град станица ра6-97 делфин куманово раалъбана задио укло валандово ехона охрид прилеп фм просечен неделен ахопиде остивар популација што се изјаснила дека ja слушала радио станицата подолго од1 минута период претходната седмица Mogea никопе станицата струга кавадарци 18.2 гериторијат популација струмица што зрачи територилата koja што станицата благовест TOTOBO рапела 16.7% штип лусфорте аенцелс радио ауароиуеаи 21'

Потврда за работата на радио станицата дојде и од локалната заедница, со доделувањето на Св. Климентовата повелба за досегашната успешна работа и придонес за градот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука