Избор Струга ТОП ВЕСТИ Хроника

Кривична за жител на Албанија кој вербално и физички им се спротивставил на полициски службеници во Струга

Струга, 15. октомври 2020 (ОХРИДПРЕС) – Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „спречување на службено лице во вршење службено дејствие“, ОВР Струга до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против 22-годишниот Ј.Д. од Берат, Република Албанија.

-Тој, на 11-ти октомври 2020 година, околу 14:00 часот, на улицата „Партизански одреди“ во Струга, вербално и физички им се спротивставил на полициските службеници кои го сопреле патничкото возило „Мерцедес“, со албански национални ознаки, што го управувал и презеле службени мерки кон две други лица во возилото, кои немале документи за идентификација, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука