Забава Култура

Вечерва пандемиско комично шоу на театарот „Солза и Смеа“ во охридскиот Центар за култура

Охрид, 14. октомври 2020 (ОХРИДПРЕС) – Вечерва во Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе се одржи пандемиско комично шоу на театарот „Солза и Смеа” од Битола.

Шоуто е насловено „Драпај си Корона”, а ќе се одржат две претстави, од 18:00 часот и 20:00 часот во големата сала. Согласно здравствените протоколи ќе има ограничен број на публика.

Картите по цена од 150 денари ќе бидат пуштени во продажба денеска на билетарата при охридскиот Центар за култура. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука