COVID-19 Здравје Избор ТОП ВЕСТИ

Филипче: Студентите од шеста година по општа медицина ќе помагаат во битката со COVID-19

Скопје, 16. октомври 2020 (ОХРИДПРЕС) – Министерот за здравство, Венко Филипче утрово се сретнал со студентите од шеста година по општа медицина, кои ќе помагаат во битката со COVID-19.

– Спремни да помагаат! Утрово се сретнав со студентите од шеста година по општа медицина кои ќе помагаат во битката со COVID-19. Многу ми е мило што идните здравствени работници се толку свесни и ја препознаваат својата важна општествена улога во моменти на криза, напиша министерот на својот фејсбук-профил.

Тој посочи дека нивниот придонес е многу значаен, и им посака успешна работа. Нивниот ангажман ќе биде помош на  епидемиолозите во телефонска комуниција со пациентите, изработка на епидемиолошки анкети и обработка на податоците. Во наредните шест месеци, на секои два месеци по 50 нови студенти ќе бидат ангажирани во Центрите за јавно здравје. Со ова, тие ќе им помогнат на здравствените работници кои го носат најголемиот товар во оваа криза.(Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука