Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Охрид денес сончево време со умерена облачност и температура до 16. степени

Охрид, 18. октомври 2020 (ОХРИДПРЕС) – Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност поголема во западните делови каде што ќе има услови за појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Максималната температура во Охрид ќе се искачи до 16. степени.

-Следува период на стабилно време. Утрата ќе бидат постудени, а дневната температура до понеделник ќе опаѓа, а потоа ќе биде во благ пораст. Наутро по котлините во средината на неделата ќе има услови за појава на магла, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука