Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Поради минирање на патниот правец Кичево-Охрид, утре ќе има делумен прекин на сообраќајот

Охрид, 18. октомври 2020 (ОХРИДПРЕС) – Утре, во периодот помеѓу 12:00 и 15:00 часот сообраќајот на патниот правец Кичево-Охрид кај селото Врбјани, после планинскиот премин „Пресека“, ќе биде во прекин 10-15 минути поради минирање, информираат од АМСМ.

Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука