ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Григоре ИЗВИНИ!!!

Охрид, 19. октомври 2020 (ОХРИДПРЕС) – Помеѓу ГОЛЕМИОТ Прличев и неколку контејнери, Охрид избра да го дислоцира токму Прличев.

Денес беше отстранета бистата на големиот Прличев, кој им отстапи место на неколкуте подземни контејнери.

И сето тоа во време кога ја водиме најтешката битка за сопствениот идентитет и држава, кога секојдневно сме на мета на домашните и надворешни „лицем свеци, срцем волци“.

Откако пред четири години ловороносецот Прличев го „овенчаа“ со подземен контејнер пред неговиот споменик во центарот на Охрид, советниците, на иницијатива на одделението за култура, беше донесена одлука за дислокација на неговата спомен биста од паркот пред градската библиотека.

– Како нова локација е избрана зелената површина помеѓу двата влеза на градската бибилотека, пред големиот изложбен салон на Центарот за култура, изјавија за OhridPress тогаш од општина Охрид.

Според проектот, бистата ќе биде преселена помеѓу двата влеза на градската библиотека, таму ќе биде поставено истото спомен обележје, само ќе биде подигнато, а просторот ќе биде хортикултурно уреден.

Во септември 2016 година, на предлог на Центарот за развој на југозападниот плански регион беше поставен подземен контејнер на само 2-3 метри од споменикот на Григор Прличев. Охридската јавност бурно реагираше на избраната локација, пред сé поради непочитувањето кон ликот и делото на македонскиот поет и преродбеник, роден токму во Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука