Избор Македонија ТОП ВЕСТИ

Собранието не расправаше за измените на Законот за заштита од заразни болести

Скопје, 20. октомври 2020 (ОХРИДПРЕС) – Иако претходно беше најавено, измените и дополнувањата на Законот за заштита на населението од заразни болести, по скратена постапка, не беше ставен на дневен ред на денешната собраниска седница.

Измените се клучни за да стапат во сила владините мерки за заштита на населението од COVID-19, кои се однесуваа на одлука за носење на опремата секаде при престој на отворено, на затворено во јавни објекти, на работно место и во јавен и приватен транспорт, за забрана за групирање во домови на семејни прослави, слави и други собири во групи, при што се предлага на семеен настан во едно живеалиште, стан или куќа да може да се примат најмногу четири луѓе; како и предлогот да се забрани групирање на повеќе од четири лица на јавен простор после 22:00 часот односно да се забрани групирање по паркови, јавни површини или било каде на отворено.

На денешната 18-та седница на Собранието беа донесени две одлуки за испраќање припадници на Армијата во мисиите УНИФИЛ во Либан и Алтеа, како и неколку ратификации на договори и спогодби.(Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука