Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Охрид денес сончево време со локална облачност и температура до 16. степени

Охрид, 21. октомври 2020 (ОХРИДПРЕС) – Времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност и со слаб ветер претежно од северозападен правец.

Максималната температура во Охрид ќе се искачи до 16. степени.

-До сабота ќе се задржи претежно сончево и тивко време со ниски утрински температури и со услови за утринска магла по одделни котлини. Дневната температура ќе биде во пораст. Од сабота попладне се очекува зголемување на облачноста, а од недела кон крајот на денот и појава на врнежи од дожд, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука