Избор Спорт ТОП ВЕСТИ

ГРК „Охрид“ на домашен терен вечерва против РК „Радовиш“

Охрид, 21. октомври 2020 (ОХРИДПРЕС) – Охридските ракометари вечерва ќе го одиграат првиот натпревар на домашен терен во новата сезона од третото коло на Супер лигата.

Натпреварот против РК „Радовиш“ ќе се игра во СРЦ „Билјанини извори“ без публика со почеток во 18:30 часот.

Image may contain: text

Ќе биде пренесуван во живо на официјалниот YouTube канал на Ракометната федерација на Република Македонија, официјалната страница на ГРК „Охрид“ и на охридската ТвМ телевизија. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука