Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Охридските полициски службеници денеска ќе спроведат боево гаѓање на „Бејбунар“

Охрид, 21. октомври 2020 (ОХРИДПРЕС) – Полициски службеници од Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Охрид, на стрелиштето „Бејбунар“ денеска ќе спроведат вежбовна активност за боево гаѓање.

-Оваа активност ќе се реализира со претходен договор и известување до стрелиштето, ловното друштво „Охрид“, ЈЗУ „Здравствен дом“ Охрид и Урбаната заедница „Билјанини извори“. Пред почетокот на боевото гаѓање, полициски екипи ќе извршат обиколка и обезбедување на поширокото подрачје на стрелиштето „Бејбунар“ со цел оневозможување влез на граѓани во безбедносните зони. Медицинското обезбедување на боевото гаѓање ќе го вршат стручните медицински екипи од ЈЗУ „Здравствен дом“, информираат од СВР Охрид.

Се молат граѓаните кои се движат кон стрелиштето „Бејбунар“, да ги почитуваат ознаките и натписите за забранет пристап, да не се задржуваат во безбедносните зони и целосно да се придржуваат кон останатите насоки на полициските службеници. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука