COVID-19 ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Учителка од Охрид позитивна на COVID-19, децата од одделението во изолација

Охрид, 21. октомври 2020 (ОХРИДПРЕС) – Учителка од едно основно училиште во Охрид е меѓу рекордниот број од 23 новозаразени во едно деноноќие од коронавирус во градов.

Првиот човек на Центарот за јавно здравје Сашо Точков за Супер радио и OhridPress информира дека децата од класот веќе се во изолација. Во однос на останатите позитивни случаи се нови, поединечни случаи и не се врзани со некој кластер.

– Станува збор за поединечни нови случаи, ги има насекаде, има и во државни институции, а вирусот го добиле од надвор, вели Точков.

Директорот на охридската болница вели дека состојбата засега е стабилна, има 3 слободни кревети, а доколку се јави потреба ќе има преорганизација на одделенијата.

Вчера во Охрид беше регистриран рекорден број новозаболени од вирусот COVID-19, со што бројката на активни пациенти во градов се искачи на 106. Од почетокот на епидемијата се регистрирани 510 случаи, оздравени се 406 пациени, а има и 21 смртен случај. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука