COVID-19 Здравје ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Став: Сите имиња и презимиња (случајно или намерно излезени во јавност) на досегашни заболени (и починати) од Ковид-19 нека Ви бидат претежок товар за Вашата неодговорност

Охрид, 22. октомври 2020 (ОХРИДПРЕС) – Откако деновиве во охридската јавност проструија списоци со имињата на заболените лица од COVID-19, со КОЦИС – КОЛУМНА се огласи администраторот на Facebook страната на ЈЗУ Општа Болница-Охрид.

Ставот го пренесуваме во целост:

КОВИД – КОЛУМНА

Планетата Земја е извор на непресушна позитивна енергија, извор на моќ и извор на здравје. Тој е наш заеднички дом каде што секој од нас си има свое катче кое што будно треба да го негува и чува. Сите ние сме алка од ланецот наречен ЖИВОТ.

Светот денес за жал се соочува со, можеби до сега, најголемата планетарна закана по здравјето на човештвото. Светот денес е на колена пред еден невидлив безмилосен непријател. Неговата разорна моќ е насочена кон нашето здравје, кон нашиот интелект и кон нашите *ставови и стравови.

Ковид-19 е коронавирус што може да се манифестира како обична настинка па се до потешки заболувања кои што може да доведат до фатален исход по живот.

Ова е нов тип на вирус, претходно неидентификуван кај луѓето и засега не постои вакцина или соодветен третман против овој вирус.

Владите во цел Свет упорно работат за скорешно пронаоѓање на лек или вакцина, сите сме подеднакво засегнати бидејќи се работи за спас на човештвото, и зачувувањето на секој еден човечки живот (без разлика на вера, нација, политичко убедување, боја на кожа или “дебелина” на банковна сметка) е заслуга што ќе ни се препишува на сите нас Земјаните.

Препораките за да се заштитиме себеси и другите овојпат нема да ги пишуваме. Нашиот човечки интелект е на завидно ниво пред сиот останат животински свет, па доколку некој од нас досега на ја сфатил пораката и не ги применувал мерките за заштита, тогаш тој не припаѓа кон нашата човечка раса. Е тој треба да биде СТИГМАТИЗИРАН и ставен на столб на срамот.

Сите имиња и презимиња (случајно или намерно излезени во јавност) на досегашни заболени (и починати) од Ковид-19 нека Ви бидат претежок товар за Вашата неодговорност.

Чувајтесе себеси и своите најблиски!

*став на администраторот на Facebook страната на ЈЗУ Општа Болница-Охрид

извор: FB ЈЗУ Општа Болница-Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука