ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Октомвриско капење во Охрид (Фото)

Охрид, 23. октомври 2020 (ОХРИДПРЕС) – Исклучително пријатното и топло време деновиве  ја продолжи сезоната на капење во Охрид.

Во сончевиот ден со температура од околу 20. степени, но и во водите на Охридското Езеро денес уживаа две момчиња на плажата пред хотелот „Метропол“.

Според последните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР), температурата на водата е околу 14. степени Целзиусови, што е за 2,8 степени пониска од просекот за овој период од годината.

Метеоролозите и за утре најавуваат сончево и топло време со температура до 19. степени. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука