Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Кривична за охриѓанец, сторител на повеќе тешки кражби во Охрид

Охрид, 25. октомври 2020 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 36-годишниот Н.Ј. од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „разбојничка кражба“, три „тешки кражби“ и една „тешка кражба во обид“.

-Казнените дела тој ги извршил во периодот јули-септември 2020 година во повеќе куќи во Охрид, каде влегувал користејќи физичка сила и подесен алат. Притоа одземал пари, накит и други вредни предмети, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука