Економија Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

InterSport во среда отвора нова продавница во Охрид

Охрид, 25. октомври 2020 (ОХРИДПРЕС) – Познатиот бренд InterSport за среда, 28-ми октомври го најавува отворањето на продавница во Охрид.

-Огромни попусти до минус 60% на голем избор на спортска опрема и фитнес реквизити од вашите омилени брендови во нашата нова продавница во Охрид, информираат од InterSport.

Објектот ќе биде лоциран на улицата „15-ти Корпус“, патот кон Ресен и Битола, наспроти фабриката „Езерка“.

Со повеќе од 5.400 продавници во 42 земји, InterSport е лидер во светот за малопродажба на спортска опрема. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука