ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Лице од Турција фатено со 100 килограми марихуана во Охрид

Охрид, 25. октомври 2020 (ОХРИДПРЕС) – Во голема акција на полицијата денеска се запленети над 100 килограми марихуана, дознава порталот Centar.mk.

Според истиот извор, во акцијата било уапсено едно лице, турски државјанин во чие возило марка „Цитроен“ била транспортирана дрогата.

Тој бил уапсен во близина на охридските гробишта.

МВР во текот на утрешниот ден треба да изнесе детали за оваа заплена. (Крај)

извор: Centar.mk фото: Centar.mk

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука