Избор Култура ТОП ВЕСТИ

Јубилеен концерт на Trio Dolce во Охрид

Охрид, 31. октомври 2020 (ОХРИДПРЕС) – Музичкиот состав Trio Dolce оваа година одбележува 5 годишна успешна соработка.

Светлана Богданоска- Ристоски на флејта од Охрид, Андријана Дукоска на виолончело од Прилеп и Марија Шамоска- Буџаковски на пијано од Битола, изминатиов период успешно и активно концертираат во многу градови низ нашата држава, поддржани од Министерство за култура на Република Македонија. Во нивниот изведувачки опус може да се најдат композиции од сите временски епохи.

Вечерва, со почеток во 19:00 часот, во Големата сала на општина Охрид, Trio Dolce ќе се претстави со дела од П.И. Чајковски, Ј. Брамс и Л. Фаренк.

Концертот ќе биде реализиран според сите протоколи за заштита од COVID-19, а влезот за сите посетители е слободен. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука